ФИФА ги објави судиите што ќе го водат полуфиналниот дуел на Светското првенство 2018 помеѓу Хрватска и Англија.
Главен судјија на оваа средба е Турчинот Џунејт Чакир, а неговите помошници ќе бидат Бахатин Дуран и Тарик Онгун. Четвртиот судија ќе биде Холанѓанецот Бјорн Кујперс. Чакир на ова СП веќе судеше два натпревари од групната фаза: Мароко – Иран и Нигерија – Аргентина.
Турчинот е меѓу најкористените арбитри на ФИФА и УЕФА, но често прави грешки во важни моменти од натпреварите. Последниот таков момент беше на мечот помеѓу Нигерија и Аргентина, кога досуди контроверзенпенал за Нигеријците, а потоа тој не суди исто така чист пенал за нив и покрај тоа што имаше основа д аго стори тоа.
Хрватска и Англија играат на „Лужники“ во Москва во среда од 20:00 часот. Другиот полуфинален меч помеѓу Франција и Белгија е на програмата утре во Ст.Петерсбург исто така од 20.00 часот.