Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФИФА побара остри казни за трагичниот инцидент во Мексико
    Фудбал

    ФИФА побара остри казни за трагичниот инцидент во Мексико

    sasoBy saso07/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ФИФА побара од мексиканските фудбалски власти најостри казни за предизвикувачите на големите нереди на мечот од 9. коло на мексиканското првенство меѓу Керетаро и Атлас.

    Средбата беше прекината во 62. минута поради масовен судир на навивачите. Државната полиција од Керетаро извести за 22 повредени и двајца хоспитализирани во критична состојба. Подоцна во медиумите се појавија информации за 17 загинати.

    „ФИФА е шокирана од трагичниот инцидент што се случи на стадионот Корегидора во Керетаро за време на натпреварот од првенството на Мексико. Насилството е неприфатливо и неподносливо. ФИФА и се придружува на Мексиканската фудбалска асоцијација и на КОНКАКАФ во осудата на овој варварски инцидент. Ги повикуваме локалните власти што поскоро да ги изведат одговорните пред лицето на правдата. Нашите мисли се со сите погодени од немирите. ФИФА уште еднаш сака да нагласи дека никако не треба да има место за насилство во фудбалот и ќе продолжи да работи со сите засегнати страни за да го искорениме“, се вели во соопштението на ФИФА.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.