По сè поголемипт број на критики и за спорни одлуки на Светското првенство 2026, ФИФА направи голема промена во протоколот за функционирање на ВАР.
За претстојниот полуфинален натпревар меѓу Англија и Аргентина, кој ќе се одигра вeчерва во Атланта, официјалните лица задолжени за ВАР ќе работат директно на стадионот, наместо од централен центар.
Новата мерка има цел да ја подобри комуникацијата и да ги минимизира техничките проблеми што досега го следеа користењето на технологијата на турнирот. ВАР беше во центарот на бројни контроверзии, поништени пенали, непостоечки прекршоци и низа други спорни ситуации предизвикаа големо незадоволство кај репрезентациите и навивачите.
Досега, ВАР-судиите работеа од централизиран меѓународен центар во Далас, без разлика на локацијата на која се играа натпреварите. Преместувањето на ВАР-тимот директно на стадионите за последните натпревари од турнирот претставува значајна промена во оперативниот модел на ФИФА.
Секако дека ова нема да гарантира за целосно судење без грешки, но самата промена е сигнал дека ФИФА се обидува да одговори на сè поголемото незадоволство кај репрезентациите и навивачите.

