Неколку светски медиуми објавија информација дека ФИФА веќе ги одобрила новите правила за ослободување на играчите за настап во националните селекции.
„ФИФА ги одобри привремените правила за испраќање фудбалери во национални тимови за време на пандемијата КОВИД-19. Претходно, клубовите секогаш беа обврзани да пуштаат играчи на нивните репрезентации доколку бидат повикани. Под притисок на околностите ФИФА призна дека во некои случаи, клубовите имаат право да не ослободуваат играчи во национални тимови, особено ако, на местото на пристигнување (локацијата на националниот тим) или по враќањето во клубот, играчот мора да биде ставен во задолжителен карантин повеќе од пет дена, или ако се должи на постојните ограничувања на меѓународните летови, играчот не може да пристигне на локацијата на националниот тим или да се врати во клубот на време“ се вели во информацијата која беше објавена денес.
