Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) вечерва ќе ги врачи наградите за најдобрите во изминатата година. Популарните награди „The Best“ вечерва ќе ги добијат лауератите во повеќе категории на настанот кој ќе с еодржи во Лондон.
Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Лионел Меси беа номинирани за наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на годината. Номинирани за наградата за најдобар тренер се Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Симоне Инзаги (Интер) и Лучијано Спалети (Наполи/Италија), додека за титулата најдобар голман ќе се борат Едерсон (Манчестер Сити, Бразил), Тибо Куртоа (Реал Мадрид, Белгија) и Јасин Боно (Ал-Хилал, Мароко).
Во потесниот избор на кандидати за наградата за најдобра фудбалерка се Аитана Бонмати (Шпанија), Линда Каиседо (Колумбија) и Џенифер Хермосо (Шпанија).
Вечерва ќе биде доделена и наградата за најубав гол. Финалисти за наградата „Пушкаш“ се Хулио Енцисо (Брајтон), Нуно Мигел Сантос (Спортинг) и Гилерме Мадрога (Ботафого).