Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ФИФА започна истрага околу назначувањето на Анчелоти во репрезентацијата на Бразил
    Фудбал

    ФИФА започна истрага околу назначувањето на Анчелоти во репрезентацијата на Бразил

    risteBy riste30/05/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ФИФА започна истрага за назначувањето на Карло Анчелоти во репрезентацијата на Бразил.

    Бразилската фудбалска федерација веќе доби официјално писмо за почеток на истрага.

    Меѓународната фудбалска федерација смета дека правилата што ги регулираат активностите на фудбалските агенти можеби биле прекршени за време на процесот на склучување договор со италијанскиот специјалист.

    Беше објавено дека претставникот на тренерот Диего Фернандез ќе добие провизија во износ од 1,2 милиони евра. 

    „Се чини дека г-дин Диего Фернандез, кој моментално нема лиценца за агент, им пружил услуги на фудбалски агент на Бразилската фудбалска федерација и на тренерот Карло Анчелоти за време на неговиот трансфер од Реал Мадрид во бразилската репрезентација“, се вели во писмото. 

    ФИФА  побара од CBF (Бразилската фудбалска федерација) целосна документација за преговорите и исплатите во кои бил вклучен Фернандез, сите документи потпишани со негово име, како и за тоа каков е ставот на федерацијата по ова прашање.

    „ЦБФ известува дека условите околу преговорите за вработување на Карло Анчелоти содржат клаузули за доверливост и се изготвени од страна на поранешното раководство на организацијата. Сегашната администрација спроведува интерен преглед на ситуацијата“, се вели во соопштението на федерацијата. 

    Самиот Фернандез рече дека дејствувал како консултант при склучувањето на договорот. 

    „Бидејќи преговорите се одвиваа во краток рок, ова беше некомпатибилно со процесот на регистрација како фудбалски агент кај ФИФА.“Диего планира да аплицира за регистрација за да добие фер цена за медијацијата по завршувањето на овој процес“, се вели во соопштението издадено од претставникот на Анчелоти. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.