Поранешниот играч на Реал Мадрид и Интер, Луис Фиго,ги именуваше главните кандидати за освојување на Европското првенство во Германија од 14 јуни до 14 јули.
„Португалија има една од најдобрите фудбалски селекции во светот со многу талент и искуство. Ние сме еден од фаворитите за освојување на титулата заедно со Франција и Англија. Тука се и вообичаените фаворити – Шпанија, Германија, Белгија“ – вели Фиго.
Ќе потсетиме дека „Европските бразилци“ последен пат го освоија пехарот на ЕП во 2016 година.

