Филаделфија се пласираше во плејофот на Источната конференција на Американската професионална кошаркарска лига (НБА), откако синоќа го победи Орландо со 109:97 во плеј-ин натпреварот. Филаделфија го освои седмото место и ќе игра во првото коло од плејофот против Бостон, кој заврши втор.
До победата 76-ерс беа предводен од Тајрис Макси со 31 поен и шест асистенции, ВЈ Еџкомб постигна 19 поени со 11 скока и Кели Убре 11 поени. Тимот беше без Џоел Ембиид, кој мораше да се подложи на апендектомија минатата недела.
Дезмонд Бејн беше најефикасниот играч за тимот на Орландо со 34 поени. Паоло Банкеро постигна 18 поени со пет скока и четири асистенции. Орландо ќе игра против Шарлот за место во првото коло од плејофот. Победникот од тој натпревар ќе игра против првопласираниот Детроит.
Голден Стејт се врати од дефицит од 13 поени во четвртата четвртина и ги победи Лос Анџелес Клиперс со 126-121 и ќе игра против Феникс за место во плејофот. Воините беа предводени од Стефен Кари со 35 поени, од кои 27 во второто полувреме. Гај Сантос имаше 20 поени со шест скока и пет асистенции, а Кристапс Порзингис имаше 20 поени. За тимот од ЛА, Бенедик Матурин имаше 23 поени, а Дариус Гарланд додаде 21 поен и осум асистенции. Кавај Леонард постигна 21 поен и седум скока. Голден Стејт ќе игра против Феникс, а победникот од тој дуел ќе игра во првото коло од плејофот против актуелниот шампион Оклахома.

