Филип Коку е нов менаџер на Дерби Каунти. Холанѓанецот ќе го наследи на функцијата Френк Лампард, кој вчера официјално се врати во Челзи по само една сезона на чело на оваа екипа.
Договорот на поранешниот играч од средниот ред на Барселона е за период од четири години. 48-годишниот тренер има освоено три титули во четири сезони како тренер на ПСВ Ајндховен во шампионатот на Холандија. После тоа следуваше краток и неуспешен период во Фенербахче за Филип Коку.
„Со гордост можам да потврдам дека Дерби каунти ќе биде мојот нов клуб, со нетрпение чекам да се сретнам со тимот и навивачите и да ја започнам оваа авантура”, изјави Коку.