Холандскиот тренер Филип Коку би можел да го замени Френк Лампард како главен тренер на англиски тим Дерби Каунти.
Лампард ја продолжува својата тренерска работа во Челзи, а тоа ќе биде официјализирано во рок од 24 часа, објави Скај Спорт. Според изворот, агентот на 48-годишниот Холанѓанец преговарал со сопственикот на Дерби каунт, Мел Морис, во текот на изминатите два дена.
40-годишниот Лампард ја започна својата тренерска кариера кон крајот на мај 2018 година. Во дебитантската сезона како предводник на Дерби Каунти го освои шестото место во Чемпионшип лигата. Тимот стигна до финалето од плејофот за право да настапи во Премиер лигата, каде што загуби од Астон Вила (1:2). Од друга страна Филип Коку беше отпуштен од турскиот Фенербахче во октомври 2018 година.

