Српскиот интернационалец Филип Костиќ е се поблиску до трансфер во Вест Хем. Ајнтрахт (Франкфурт) веќе ја прифати понудата на „чеканите“ вредна 15 милиони евра, но се уште нема договор за личните услови на 29-годишниот фудбалер.
За неколку дена ќе има средба меѓу раководството на Вест Хем и агентот на Костиќ, кој го застапува и Џанлука Скамака. Напаѓачот на Сасуоло е сигурно ново засилување на лондонскиот клуб.
Филип Костиќ е поранешен играч на Раднички (Ниш), Гронинген, Штутгарт и Хамбургер. Минатата сезона беше избран за најдобар играч во Лига Европа каде Ајнтрахт Франкфурт го освои трофејот.