Максимилијан Филип е пред трансфер од Борусија Дортмунд во Динамо Москва, пренесува весникот „Билд“.
Трансферот би можел да го чини 20 милиони евра рускиот клуб. Договорот на Филип со Дортмунд истекува во летото 2022 година, а напаѓачот е интересен и за Ајнтрахт (Франкфурт).
Во последната сезона, Филип одигра 23 натпревари и постигна 2 гола во дресот на Борусија Дортмунд. 25-годишниот поранешен германски младински репрезентативец се пресели од Фрајбург во Борусија Дортмунд во 2017 година.