Од денес и официјално нашиот најголем фудбалски стадион има ново име, досегашното име Арена „Филип Втори“ оди во историјата, а новото име на стадионот ќе биде Национална арена „Тоше Проески“.
Оваа информација ја потврди и владиниот портпарол Миле Бошњаковски преку Твитер
„Утрово на редовната 129 седница на Влада донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална Арена „Тоше Проески“, во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја“ напиша Бошњаковски на Твитер.
Поранешниот Градски стадион го доби името „Филип Втори“ во 2009 година, а од денес ќе го носи името „Тоше Проески“.