Фудбалерот за врска на Барселона, Филипе Кутињо може да биде надвор од терените подолго време, објави венсикот „АС“.
Фудбалерот има болка во менискусот. Денес, Бразилецот ќе биде подложен на преглед, со кој ќе се утврди сериозноста на повредата. Најлошото сценарио би било доколку му биде потребна операција, по што закрепнувањето ќе трае до четири месеци. Ако се покаже дека Кутињо има мало оштетување на менискусот, тој ќе избегне хируршка интервенција, но нема да може да излезе на терен еден и пол до два месеци.
Кутињо игра за Барселона од 2018 година. Оваа сезона, 28-годишниот играч за врска одигра 12 натпревари во Шпанската лига, постигна 2 гола и 2 асистенции.