Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Келвин Филипс, ќе игра како позајмен во Вест Хем со опција за купување на неговиот договор.
Според изворот, „чеканите“ ќе можат да го купат 28-годишниот играч на крајот на сезоната за 40 милиони евра. Филипс се пресели во Манчестер Сити во летото 2022 година од Лидс за 49 милиони евра.
Тој во сезонава настапи за „граѓаните“ на само 10 натпревари во сите конкуренции и постигна еден гол.

