Документарниот филм за македонската, балканската и светската фудбалска легенда, Дарко Панчев, во понеделник на 24 април ќе ја доживее својата светска промоција, токму во Скопје.
Нашата метропола, каде започна блескавата фудбалска кариера на голгетерот на Вардар, Црвена Звезда, македонската и екс-југословенската фудбалска сцена, ќе ги пречека гостите поканети на промотивното прикажување на филмот „ПАТОТ НА КОБРА ДО ЅВЕЗДИТЕ“ кој во изминатиот период го снимаа и продуцираа Спортклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција и Спортското радио 90.3 фм.
Промотивното прикажување на филмот ќе се случи во хотелот „Александар Палас“ в понеделник пред голем број поканети гости, новинари, спортски работници, екс-фудбалски ѕвезди, соиграчи и ривали на нашата фудбалска икона, Дарко Панчев. Реализацијата на филмот е поддржана од Универзитет Скопје.