Стадионот на Бетис – „Бенито Виљамарин“ ќе биде местото каде ќе се игра финалето од Купот на кралот оваа сезона.
Ова го објавија официјално од Кралската шпанска федерација, откривајќи дека градот Севиља ја добил битката со Валенсија. За прв пат по неколку години местото каде ќе се игра финалето е познато пред да биде јасно кои две екипи ќе бидат финалисти. Во предходните сезони двата клуба кои ќе обезбедеa пласман во финалето го изразуваа своето мислење каде да се игра натпреварот.
Битката за Купот во Севиља ќе биде на 25-ти мај. Интересно е дека и двата тима од андалузиската престолнина – Бетис и Севиља, имаат добри шанси да продолжат и да се пласираат во 1/2-финалето на ова натпреварување. Бетис одигра 1:1 на гостувањето кај Еспањол во првиот натпревар, а Севиља има предност од првата средба од 2:0 пред гостувањето кај Барселона.
„Бенито Ваљамарин“ има капацитет од над 60.000 места за седење. По втор пат во историја на Купот на кралот финалето ќе се игра во Севиља. Во сезоната 2000/2001 Сарагоса ја победи Селта на стадионот „Ла Картуха“ во јужниот дел од градот.