Финалето во Лигата на фудбалските шампиони во 2020 година ќе биде реализирано на стадионот „Ататурк“ во Истанбул. Тоа значи дека завршницата на елитната конкуренција во Европа повторно се враќа во Турција на истиот стадион на кој во 2005 година беше одигран мечот меѓу Ливерпул и Милан.
Тогаш англичаните губеа со 3-0 по првиот дел но, во вториот успеаа да изедначат а на крајот и да го освојат победничкиот пехар. Стадионот „Ататурк“ само во одредени случаеви го користи Галатасарај кога настапува во европските купови.
Финалниот меч од Лига Европа во 2020 година ќе биде реализиран на стадионот во Гдањск (Полска) додека Супер Купот на УЕФА ќе биде одигран во Португалија на стадионот „Драгао“ на кој настапува тимот на Порто.