Финалето на Лигата на шампионите за 2021 година ќе се одржи во Истанбул, а оној во рускиот град Санкт Петербург ќе се пресели во 2022 година, објави денес телевизијата „Скај Спорт“.
Според нивните информации, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) има намера да ги помести домаќинствата што веќе биле доделени на овие градови за по една година. Оваа година, поради пандемијата на коронавируспт, УЕФА донесе одлука да одреди нов формат за завршување на ЛШ и да го добиме европскиот клупски шампион низ плеј-оф турнирот што ќе се одржи во Португалија.
Во оваа ситуација, Истанбул и Санкт Петербург остануваат со добиените домаќинства, но се поместуваат за по една година.