Финалниот натпревар од шпанскиот куп меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад може да се пресели од Севиља на северот на земјата, пренесува „Мундо Депортиво“.
Натпреварот беше закажан за 18 април, но подоцна беше одложен на неодредено време заради пандемијата на коронавирусот. Според изворот, Фудбалската федерација на Шпанија ја разгледува можноста средбата да ја пренесе во друг град, така што би било попогодно за играчите да дојдат на натпреварот.
Финалистите доаѓаат од градовите кои се на северот на Шпанија, додека Севиља се наоѓа на југот на земјата. Едно е сосема јасно, а тоа е дека натпреварот ќе се игра пред разни трибини.