Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Финалето на СП во Катар го гледале 1,5 милијарди гледачи
    Фудбал

    Финалето на СП во Катар го гледале 1,5 милијарди гледачи

    sasoBy saso19/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Еден месец по незаборавното финале на Светското првенство во Катар меѓу Аргентина и Франција, ФИФА ги објави бројките поврзани со ова натпреварување.

    Финалето, кое Аргентина го доби на пенали, го следеа 88.966 гледачи на стадионот Лусаил во Катар, а покрај нив и уште 1,5 милијарди луѓе ширум светот. Според американска компанија за информации, податоци и мерење пазарот „Нилсен“, Светското првенство го следеле пет милијарди луѓе на различни платформи.

    Натпреварите на стадионите во Катар ги следеа 3,4 милиони луѓе, повеќе отколку првенството во Русија во 2018 година кое го следеа три милиони гледачи. Во Катар беа постигнати рекордни 172 гола, додека на првенствата 1998 и 2014 година беа постигнати 171 гол.

    Кристијано Роналдо стана првиот играч кој постигнал гол на пет Светски првенства (2006, 2010, 2014, 2018 и 2022 година), а Лионел Меси стана првиот играч кој постигнал гол во нокаут фазата на четири последователни првенства откако ФИФА го воведе осминафиналето во 1986 година. Со 26 одиграни натпревари на Светското првенство, Меси го надмина и досегашниот рекордер Лотар Матеус.

    Стефани Фрапарт стана прва судијка на Светското првенство, а за првпат во историјата, три африкански селекции влегоа во топ 16. Мароко стана првата африканска земја што се пласираше во полуфиналето.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Нандез ќе замине во друг тим

    29/11/2023

    „Виси“ столчето на Пиоли

    29/11/2023

    Барселона за првпат во осминафиналето на ЛШ по заминувањето на Меси

    29/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Нандез ќе замине во друг тим
    • „Виси“ столчето на Пиоли
    • Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување
    • Познати четвртфиналните двојки за НБА Купот
    • Барселона за првпат во осминафиналето на ЛШ по заминувањето на Меси
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.