Претседателот на здружението на навивачите на финската репрезентација, Марко Карвинен, рече дека неговите сонародници испраќаат навредливи пораки до организацијата и фановите кои се вратија од Русија заразени со Ковид-19.
„Има навредливи пораки. Тоа е прилично сурово и тие луѓе би било добро да размислат што праќаат. Јас не сум толку ранлив, но, дел од од раководството ги прима обвинувања при срце. Знаеме дека сторивме сè што е во наша моќ“ – вели Карвинен.
Претходно беше објавено дека секој десетти фински навивач кој се вратил дома по патувањето во Санкт Петербург на Европското првенство, бил заразено со КОВИД-19.

