Македонската фудбалска репрезентација вечерва (18 часот) против репрезентацијата на Финска на Националната Арена во Скопје ќе го одигра првиот од двата планирани контролни меча овој месец. Селекторот Благоја Милевски денеска ќе има можност да ја направи првата контрола на повиканите репрезентативци пред стартот на мартовските квалификации за ЕП 2024. Финска е исклучително квалитетна селекција, иако во Скопје дојде без својата прва ѕвезда Теему Пуки, кој според селекторот Марку Канерва поради напорната сезона ќе биде изоставен од ова гостување против нашата фудбалска репрезентација.
Скандинавците во последното издание на Лигата на Нации завршија на втората позиција веднаш зад БиХ и не успеаја да се пробијат во „А-сегментот“ меѓу најдобрите европски селекции, но резултатски, потврдија дека се наоѓаат во онаа втора група на најквалитетни европски селекции.
Судија на денешниот дуел ќе биде Симовиќ од Србија.