Раководството на Манчестер Јунајтед добило понуда од Фиорентина за фудбалерот од средниот ред Фред, пренесуваат медиумите во Италија.
Понудата е 16 милиони евра плус 4 за бонуси и 30% од евентуалната продажба на Бразилецот доколку сумата биде поголема од 20 милиони евра.Тоа значи дека вкупната вредност на понудата може да биде и половина од сумата што Јунајтед ја плати за Фред пред една година. Во тоа време, „црвените ѓаволи“ му дадоа на Шахтјор (Донецк) 60 милиони за играчот од средниот ред.
Фред никогаш не се наметна во тимот на Јунајтед бидејќи одигра само 25 натпревари во сите конкуренции. Тој во тековнава сезона по три кола нема забележано ниту една минута на теренот.