Поранешниот капитен на Фиорентина Давиде Астори почина на 4 март 2018 година, а по повеќе од 12 месеци по неговата смрт, раководството на „виолетовите” направи гест кон неговото семејство, соопштуваат медиумите во Италија и Шпанија.
Првично беше објавено дека роднините на Астори ќе го добијат износто кој го имаше во неговиот договор и тоа до крајот на договорот со клубот од Фиренца. Сега стана јасно дека од Фиорентина симболично ќе го обноват договорот што го имал со нив со мали измени околу времетраењето, односно дека тоа ќе биде трајно.
Централниот дефанзивец го напушти овој свет на 31-годишна возраст, а причината за неговата смрт беше пробкем со работата на срцето. Посмртно Астори беше примен во „Салата на славните“ на Фиорентина и продолжува да биде почитуван како од неговиот последен клуб, така и од голем број други тимови во цела Италија.