Фиорентина покажува сериозен интерес за напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, објавија медиумите во Италија. Од „Артемио Френки“ прават се што е во нивна моќ да го ангажираат 26-годишниот напаѓач.
Во моментов, сепак, преговорите со Торино се доста тешки. Од оваа екипа немаат намера да ја ослободат својата прва ѕвезда за помалку од 70 милиони евра. Белоти има договор со неговиот сегашен клуб до 2022 година. Тој пристигна во Торино во 2015 година за 8,5 милиони евра од Палермо и брзо стана клучен играч, а досега постигнал 85 голови на 179 натпревари.
Фиорентина се уште се надева дека ќе го убедат Торино да ја намали цената на играчот, бидејќи продолжуваат преговорите. Сепак, „Виолетовите“ имаат и резервна опција доколку не се договорат со Торино, па потоа ќе се свртат кон Кшиштоф Пјонтек од Херта.