Фиорентина одби да го привлече фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира, затоа што како слободен агент може да го добие поранешениот играч на Милан, Џакомо Бонавентура.
Популарниот фудбалски агент Мино Рајола влезе во преговори со „виолетовите“, бидејќи преговара за условите на Бонавентура. 31-годишниот играч за врска ќе и донесе искуство и флексибилност на Фиорентина, тврди „Скај Спорт Италија“.
Италијанецот ги напушти „росонерите“ откако помина шест години на „Сан Сиро“. Тој одигра 184 натпревари и постигна 35 голови во сите натпреварувања. Сега во трка по Лукас Тореира се вклучува Торино. „Биковите“ ќе се обидат да го привлечат на позајмица со опција за купување.

