Фиорентина започна преговори за привлекување на фудбалерот на Милан Лукас Билија. 33-годишниот ветеран не влегува во плановите на новиот спортско-технички тим на „Сан Сиро“ и „росонерите” се подготвени да се разделат со него.
Во исто време Аргентинецот е посакуван од тренерот на „виолетовите” Винченцо Монтела, па договорот меѓу двата клуба е многу веројатно да биде реализиран. Преговорите меѓу Милан и Фиорентина веќе се во тек, а во меѓувреме од Фиренца се поврзале со агентот на играчот за да ги договорат личните услови.
Се смета дека и самиот Билија сакал да биде направен овој трансфер, но сакал прво да разговара со новиот тренер на Милан Марко Џампаоло, за да знае дали ќе добива шанса за докажување, ако сепак одлучи да остане на „Сан Сиро”.