Триесет и три годишниот боксер,Тајсон Фјури и во вториот дуел успеа да го совлада Дионтеј Вајлдер и да ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во верзијата на „WBC“.
Тој победи со нокаут во 11-та рунда што значеше 31-ва победа во 32 меч во професионалната кариера. Фјури веднаш најави атак на обединувањето на титулите за да биде првиот апсолутен шампион во тешка категорија во 21-от век.
Ирецот сега ќе го чека мечот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа за да го дознае името на неговиот нареден противник.