ФК Копенхаген го отпушти својот тренер Јес Торуп поради лошиот почеток на сезоната во домашното првенство и Лигата на шампионите, соопштија од клубот. Веднаш беше заменет од неговиот помошник Јакоб Неструп.
„За жал, оваа сезона не гледаме никаков развој или стабилност во тимот и затоа ја прекинуваме соработката со Јес Торуп“, објави претседателот на клубот Алан Агерхорм.
Тимот има 6 порази од 10 натпревари во првенството, а во групата Г од Лигата на шампионите тимот забележа пораз и реми од два натпревари. Ова е најлошиот почеток на сезоната за тимот, кој е 14-кратен шампион на Данска.
Торуп (52) беше на чело на екипата од ноември 2020 година, откако ја освои титулата минатата сезона и се квалификуваше за прв пат од 2016 година во групите од Лигата на шампионите. Неструп (34) беше тренер на Виборг пред да стане помошник на Торуп во ФК Копенхаген.