Фудбалскиот клуб Тиквеш отвори книга на жалост во чест на трагично загинатиот фудбалер во пожарот во Кочани, Андреј Лазаров.
25-годишниот Андреј кој потекнува од Кочани до трагичниот настан го носеше дресот на Шкупи а во нашава земја има играно и за Металург, Тиквеш и Работнички.
Лазаров во еден период од кариерата играше за Горица и Рудеш од Хрватска кои исто така се огласија преку социјалните мрежи и му одадоа почита на нашиот фудбалер.

