Пред 78 години на денешен се роди фудбалскиот клуб Вардар, најтрофејниот фудбалски колектив во нашата земја и симбол и вистински репрезент на Македонија.
Најпопуларниот фудбалски македонски бренд е формиран на 22 јули 1947 година во киното „Вардар“, со спој на двата најдобри клубови на територијата на главниот град Скопје, Македонија и Победа. Причината била едноставна – создавање на моќен спортски колектив кој ќе го обедини главниот град.

Во моментов, Вардар е стабилен прволигаш и актуелен освојувач на Купот на Макеоднија, а за два дена го чека настап во второто коло од Конференциската лига на УЕФА каде игра двомеч со Лозана од Швајцарија.

