Навивачката група Комити се пофали со нов успех од акцијата за спас на Вардар. Според најновата информација достигната е границата од еден милион денари собрани преку продажба на сезонски билети за наредната сезона.
Најголемите приврзаници на Вардар минатата седмица на прес-конференција ја презентираа идејата за спас на клубот кој тоне во огромни долгови, најавувајќи дека посакуваат да биде достигната границата од 500.000 евра.
„Силата на Вардаровите навивачи! За помалце од една недела, заедно успеавме да стигнеме до првиот милион. Целта е се уште далеку, но само заедно, сплотени, како до сега, ќе стигнеме до неа! Акцијата продолжува, со уште посилно темпо! Членската карта, е обврска на секој навивач на клубот“, објавија од клубот.