Англискиот фудбал доби многу со присуството на странските тренери во Премиер лигата, изјави легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус. Менаџерите: Јирген Клоп (Ливерпул), Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед) и Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), дефинитивно помагаат за развојот на англиските фудбалери, категоричен е поранешниот фудбалер на Германија.
Уругвајскиот голман, Фернандо Муслер, преживеа двојната семејна трагедија додека играеше на Мундијалот во Русија. Прво починал неговиот вујко а само 48 часа подоцна Фернандо мораше да ја преживее загубата на неговата баба.
Луис Енрике е апсолутен фаворит за селекторската функција во Шпанија. Претседателот на Федерацијата, Луис Рубиалес, имал кратки средби со неколкуте кандидати по што Флорес и Мичел отпаднале од конкуренција а Енрике станал прва опција.
Фудбалерите на Бразил по враќањето од Мундијалот се соочија со бесот на навивачите.Тие го пречекале автобусот кој ги пренесуваал репрезентативците и започнале да го гаѓаат со камења. Бразилците не можат да се помират со елиминацијата од СП и целиот бес го искажаа со срамниот инцидент. За среќа, во целата ситуација нема повредени.