Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик зборуваше за плановите на клубот за јануарскиот преоден рок.
„Сегашната финансиска состојба влијае на сите клубови во светот. Ова е тешка состојба со пандемијата на коронавирусот. Во моментов не сакам да барам нови фудбалери од раководството. Ја познавам ситуацијата во Баерн и разбирам дека сега на сите им е многу тешко. Играчите што ги имаме на располагање сега ќе бидат играчи на Баерн за остатокот од сезоната. Секако дека постои можност 1-2 играчи да го напуштат клубот. Во моментов имаме многу добар ростер и мислам дека не се загрозени нашите цели за сезоната. Челниците на Баерн имаат на што да работат, секој од играчите го знае тоа“, изјави Флик за прес-службата на германскиот клуб.
Вечерва Баерн Минхен гостива на „Борусија Парк“ кај Борусија Менхенгладбах, а натпреварот се игра со почеток во 20.30 часот.

