Левиот бек Алфонсо Дејвис го пропуштил денешниот тренинг на својата екипа Баерн Минхен, што е дел од подготовките на тимот за петок кога го играат четвртфиналето од Лигата на шампионите против Барселона.
Сепак, тренерот на Баварците, Ханзи Флик е оптимист и рече дека 19-годишниот Канаѓанец нема никакви проблеми за игра. Флик дури и ја разјасни причината за пропуштениот тренинг. „Одлука биде за да се заштити, бидејќи тој имаше мал проблем со ногата пред неколку дена.
На прашањето дали Дејвис бил во опасност да ја пропушти средбата, Флик рече:
„Мислам дека нема шанси“.
Канаѓанецот Дејвис имаше исклучителна сезона и Баерн верува дека ако ја задржи својата најдобра можна форма, ќе може да се справи со Лионел Меси, кој сака да напаѓа во тој дел од теренот.
Доколку Дејвис сè уште не е во можност да започне, опција е Лука Хернандез, кој исто така е кандидат за таа позицијата. Баерн во четврток ќе ја напушти тренинг-базата Лагос де Алгарве и ќе се упати кон Лисабон. Лигата на шампионите во мини-турнирската верзија започнува денес и ќе заврши на 23 овој месец, со тоа што Баварците имаат желба да дојдат до својата шеста титула во Лигата на шампионите.