Новиот тренер на Барселона, Ханс Дитер Флик е блиску до уривање на рекордот по бројот на победи на клупата на Каталонците.
Вчера Барселона го победи Хетафе со 1:0 во 7. коло од Ла Лига, што беше седмата победа на тимот од почетокот на сезоната. Германецот стана третиот тренер кој победил во првите седум натпревари во шпанското првенство. Истиот резултат го постигна Ернесто Валверде во 2017 година, а Херардо Мартино засега е лидер на вечната листа со победи на првите осум натпревари во 2013 година.
Барселона под Флик ги доби сите 7 натпревари во Ла Лига со вкупна гол-разлика 23:5.

