Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Флик го надмина Гвардиола и постави нов рекорд во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Флик го надмина Гвардиола и постави нов рекорд во Лигата на шампионите

    risteBy riste26/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Барселона, Ханзи Флик, постави нов рекорд во Лигата на шампионите по убедливата победа од 4:1 на гостувањето кај Сабах во Баку.

    Германскиот стратег стана тренерот чии екипи најбрзо стигнале до 150 постигнати голови во елитното европско натпреварување. За тоа му беа потребни само 49 натпревари на клупите на Баерн Минхен и Барселона.

    Досегашниот рекорд го држеше Пеп Гвардиола, чии тимови до истата бројка стигнале по 65 натпревари. Тоа значи дека Флик го подобри рекордот за дури 16 средби, со просек од 3,06 постигнати голови по натпревар.

    Интересно е и тоа што Барселона под водство на Флик досега одиграла 135 натпревари, а на дури 48 од нив победила со најмалку три гола разлика. Тоа е повеќе од 35 проценти од сите средби.

    Шпанскиот шампион сезонава има 16 победи на првите 18 официјални натпревари, без ниту едно реми

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Манчестер Сити прими голови во 10 последователни натпревари во сите натпреварувања

    26/11/2026

    Алисон Бекер е првиот голман во историјата на Ливерпул кој асистирал во натпревар од ЛШ

    26/11/2026

    Фудбалерите ќе имаат нов селектор

    25/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија вечерва против Кипар за прво место во групата и чекор до Евробаскетот 2029
    • Манчестер Сити прими голови во 10 последователни натпревари во сите натпреварувања
    • Алисон Бекер е првиот голман во историјата на Ливерпул кој асистирал во натпревар од ЛШ
    • Флик го надмина Гвардиола и постави нов рекорд во Лигата на шампионите
    • Фудбалерите ќе имаат нов селектор
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.