Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик, посакува да му се повтори изминатата година бидејќи му беше исполнета со многу моменти за паметење. Неговите фудбалери ја освоија осмата последователна титула во Бундес-лигата, потоа Купот на Германија, Лигата на шампионите, германскиот и европскиот Супер-куп.
„Само што завршивме исклучителна година. Иако паузата беше кратка, сепак беше значајна. Ништо не се промени во однос на нашите цели. Ние сакаме да бидеме што е можно поуспешни исто како и во изминатата сезона“ –потенцираше Флик.
Баварците првиот меч во 2021 година ќе го одиграат утре против екипата на Мајнц во рамките на Бундес-конкуренцијата.

