Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Ханси Флик, откако е на кормилото на Баварците се израдува на шест трофеи.
Неговиот тим вчера по победата во финалниот меч против екипата на Тигрес го освои победничкиот пехар на светското клупско првенство во Доха. Тој ефект донесе интересен податок дека Флик има освоено повеќе трофеи споредено со бројот на поразите откако седна на кормилото на Баерн Минхен.
Воедно неговиот состав го изедначи рекордот на Барса. Пред светската клупска титула, Баерн ги освои Бундес-лигата, Лигата на шампионите, Купот на Германија, Супер-купот на Германија и Супер-купот на Европа. Барселона тоа го направи во 2009 година.

