Тренерот на Баерн (Минхен), Ханзи Флик го запоша своето име во историјата на Баварците заедно со Јуп Хенкес.
Двајцата се единствените тренери на Баварците кои освоиле трофеј, вклучително и титулата во Бундеслига, германскиот куп и трофејот во Лигата на шампионите. По финалето против ПСЖ (1:0) Флик ја истакна играта на тимот во дефанзивни дел и го пофали особено голманот Мануел Нојер и стрелецот на голот, Кингсли Коман.
„Натпреварот се одигра со многу брзо темпо и имаше ситуации пред двата гола. Имаме најдобар голман на светот и во некои ситуации тој нè спаси. Многумина се прашуваа како ќе се справиме со импресивниот напад на ПСЖ, но мислам дека бевме на одлично ниво во одбрана. Тимот се движеше на вистински начин и убаво беше да се види од страна како се однесуваме на теренот“, рече Флик.
„Се чини дека оваа сезона Коман конечно излезе од сенката на Френк Рибери и Арјен Робен. Кингсли е неверојатно талентиран, а денес покажа дека може да постигне важни голови”, продолжи тренерот на Баварците и додаде.
„Кога ќе постигнете нешто значајно, треба да го прославите. Ќе имаме забава и не знам колку долго ќе трае“, рече Ханзи Флик.

