Фудбалерите на Барселона утре ќе се сретнат со Рајо Валјекано и со евентуална победа ќе избијат на првото место на табелата во Примера Дивизион откако Реал и Атлетико Мадрид загубија бодови на последните мечеви. Нивниот тренер, Ханси Флик, вели дека треба максимално мотивирано да се влезе во пресметката.
„Не ги гледаме другите тимови. Има уште многу време. На крајот на сезоната ќе го погледнеме пласманот. Од почетокот на годината одигравме добри натпревари“ – рече Флик.
„На Рајо исто така му оди многу добро. Тие се храбар тим против кој е тешко да се игра. Промените на врвот покажуваат колку се изедначени силите во Ла Лига“ – вели Германецот.

