Селекторот на фудбалерите на Германија, Ханси Флик, откако не успеа да ја помине групната фаза на Мундијалот во Катар, најави дека допрва ќе размислува дали ќе остане на кормилото на „панцирите“.
Германците во групата со Шпанија, Јапонија и Костарика го освоија третото место и си ги спакуваа коферите.
„Брзо ќе донесеме решение. Во моментов по елиминацијата, тешко е да се каже. Ќе мора да направиме анализа каде погрешивме и да тргнеме во друга насока“ – вели Флик.