Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по вчерашната победа против Осасуна, потврди, дека фудбалерот Дани Олмо, ќе паузира извесен период.
„Во наредните две недели веројатно нема да можам да го користам. Многу сум горд на играчите. Скапо ја плативме победата со повредата на Олмо” – вели Флик.
„Гави имаше тешка повреда но, секогаш е подготвен да му помогне на тимот дури и од клупата. Момчето е одличен професионалец“ – потенцираше германскиот тренер на кормилото на Каталонците.

