Тренерот на Барселона Ханзи Флик беше презадоволен од победата над Валенсија од 5:0 во Купот на кралот. Со успехот Каталонците се пласираа во полуфиналето на ова натпреварување.
„Многу сум среќен како настапивме. Почнавме силно и создадовме голем број на шанси. Ова е стилот на игра што сакаме да го видиме. Секогаш барам да дејствуваме динамично. Ние сме млад тим и гладни сме за победи“, изјави Флик.
„Се стремиме да постигнеме многу голови – тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот. Сепак, понекогаш морам да барам од играчите да бидат повнимателни во последните минути од натпреварите и да ја контролираат ситуацијата на теренот. Шчесни е во тимот со задача да прими што помалку голови. Ни дава мир и самодоверба. Прекрасен фудбалер. Денеска не прими гол и тоа е многу важно”, истакна Флик.

