Тренерот на фудбалерите на Баерн (Минхен), Ханс Флик, ја прифатил понудата на Баварците и потпишал договор до 2023 година.
Со тоа практично се затворија сите шпекулации дека Флик во текот на летото ќе си замине од Баварија. Тој во ноември во 2019 година по отказот на Нико Ковач беше назначен како времен вршител на должноста со идеја да го помине само зимскиот период. Сепак, откако Баерн направи серија на одлични резултати под негово водство, челниците на тимот се определија да му понудат перманетна соработка.
Ќе потсетиме дека до прекинот на Бундес-лигата, екипата од „Алијанц Арена“ беше на челната позиција на табелата и дека дојде на еден чекор до пласман во 1/4-финалето во Лигата на шампионите.