Тренерот на Баерн (Минхен) Ханзи Флик ја коментираше повредата на Серж Гнабри.
„Тој беше прегледан по натпреварот, ќе видиме како ќе се чувствува во наредните денови. Серж доби болен удар. Се надевам дека во среда ќе може да започне со тренинзи”, рече Флик. Гнабри беше заменет во 76-та минута од натпреварот од 14-то коло во Бундеслигата против Мајнц 05 (5:2 за Баерн Минхен).
Во сезоната 2020/21, крилниот напаѓач одигра 20 натпревари за тимот, на кои постигна 4 гола и направи 3 асистенции.
Баерн Минхен синоќа одигра уште еден интересен дуел во кој по првото полувреме беше во негатива од 0:2, но во вториот дел испеа да направи целосен пресврт и да дојде до победа од 5:2, а со тоа и да се врати на врвот на табелата во Бундеслигата.

