Селекторот на репрезентацијата на Германија, Ханзи Флик, секако задоволен си замина од Скопје, пред се поради виската победа на неговата селекција , но и играта која ја покажаа против Македонија. На оваа средба Германија не дозволи изненадување како во Дуизбург, а по средбата Флик даде коментар за мечот во Скопје.
„Успеавме да ја оствариме целта. Ние сме првата репррезентација која оди на СП во Катар. Во првото полувреме имавме проблеми со реализацијата на шансите, но во вториот дел сите работи дојдоа на своето место против Македонија. Оној прв гол беше клучен за настаните на теренот. Нашиот тим игра еден за друг, а не само еден со друг. Така остваривме резултат“, изјави Флик на прес-конференцијата по натпреварот.
Германија е прва во нашата група и на две кола пред крајот на квалфикацискиот циклусот има седум бода повеќе во однос на второпласираната Романија и со тоа веќе обезбеди пласман на СП во Катар.