Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, ја коментираше информацијата за постоење на преговори со клубот за продолжување на неговиот договор. Претходно медиумите објавија дека од Барслеона сакаат да го продолжат договорот со германскиот тренер до 2027. Актуелниот договор е до 30 јуни 2026 година.
„Мојот одговор ќе биде долг. Навистина го ценам и уживам во она што го имам овде. Имам фантастичен персонал и неверојатен тим со многу професионални играчи. Гледам фантастична атмосфера во соблекувалната. Многу пати сум кажал дека тоа е како семејство. Целиот персонал е неверојатен и ја работи работата што треба да се заврши. Освен тоа, добро се забавувам и уживам во новото искуство во Барселона.
Имам многу енергија и мислам дека можеме уште многу да се подобриме. Не сум од оние тренери кои сакаат да потпишат нов договор на уште три години за да си дозволам да размислувам: „Па, имам време“. Повеќе сакам да работам ден по ден.
Знам како стојат работите во клубот. Не е лесно, но сите се среќни. Ќе помине една година и ќе видиме што ќе биде. Ако сите се задоволни, тогаш ќе видиме што ќе се случи“, рече Флик на прес-конференцијата.

