Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара ќе остане на „Алијанц арената“. Ова го изјави тренерот на Баварците, Ханзи Флик, по победата од 1:0 над ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите.
„Дали ова беше неговиот последен натпревар за тимот? Не, тој ми рече дека останува“, изјави Флик по натпреварот.
Договорот на Тиаго Алкантара е до 2021 година, но се очекува да биде обновен. Неговото име се поврзуваше со преселба во Ливерпул и Манчестер Сити, каде менаџер е Пеп Гвардиола.
Токму тој му го даде патот до големиот фудбал, откако му даде шанса во Барселона, а потоа го однесе со себе во Баерн. Минатата сезона Тиаго Алкантара одигра 24 натпревари во Бундеслигата во кои постигна еден гол.